Бундеслигашот Хановер денеска официјално го промовираше новото засилување за следната натпреварувачка сезона 2024/25.
Во најсилната лига на светот ќе заигра уште еден репрезентативец на Фарски Острови, а тоа е денсиот бек Вилхелм Поулсен.
24-годишниот ракометар во редовите на бундеслигашот ќе се пресели од данскиот Лемвинг, кој во следната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварување.
Десниот бек во Хановер ќе биде замена за репрезентативецот на Црна Гора, Бранко Вујовиќ. Како што е познато, црногорскиот репрезентативец на лето ќе има нов клуб.
Во Бундес лигата од репрезентацијата на Фарски Острови играат уште Елијас Елефсен а Скипаготу (Кил) и Хакун Вест ав Тајгум (Фуксе Берлин).
Фарски Острови е ривал на Македонија во баражот за Светското првенство 2025 и на првиот натпревар обезбеди триумф од седум гола разлика, 34:27.