Грчевски направи три промени за реваншот со Шпанија

Женската репрезентација на Македонија денеска има долго патување до Ланцароте во Шпанија, каде ќе го игра реванш дуелот со Шпанија од квалификациите за ЕП 2024.

Селекторот Кристијан Грчевски направи три промени во ростерот, па шанса ќе добијат три ракометарки што не играа на првата средба во Скопје.

Станува збор за левите бекови Марија Јанкуловска и Ива Божиновска, додека шанса ќе добие и младиот десен бек Ива Младеновска.

За Шпанија не отпатуваа искусните Елена Ѓорѓиевска и Јована Саздовска, како и голманката Слободанка Кицеска.

Натпреварот меѓу Шпанија и Македонија се игра утре во Ланцароте со почеток од 17:00 часот.