Градски двобој во вторник, дербито в среда во Автокоманда

По големата трагедија што се случи минатата недела во Кочани и која однесе 59 човечки животи, беше прогласена седумдневна жалост и беа одложени сите спортски настани.

Поради тоа календарот во Супер лигата мораше да претрпи одредени промени, па така натпреварите од последното коло од регуларниот дел, кои требаше да се одиграат на 22/23 март, ќе бидат одиграни во периодот од 25 до 26 март (вторник и среда).

Во последното коло ќе се сретнат градските ривали Бутел и Пролет. Веќе е познато дека Бутел ќе игра во плеј-оф фазата, додека Пролет ќе продолжи во плеј-аутот.

Дербито на колото ќе се одигра во Автокоманда, каде што ќе се сретнат тимот на Кире Лазаров и Охрид. На првото сезонско соочување славеа избраниците на Лазаров со 29:22.

Шампионот Еурофарм Пелистер ќе гостува во Прилеп, додека вицепрвакот Вардар ќе биде домаќин на Струга. Возбудливо се очекува да биде на натпреварот меѓу Радовиш и Куманово – две екипи кои ќе се борат за задржување на суперлигашкиот статус.

Кавадарчани ќе имаат можност пред својата публика да го завршат регуларниот дел со победа, бидејќи за противник го имаат дебитантот од Велес.

Супер лига, 22. коло, распоред:
25/03, 17:00, Вардар – Струга
25/03, 17:00, Тиквеш – Борец ФЛ
25/03, 18:00, Бутел – Пролет
25/03, 19:30, Прилеп – Еурофарм Пелистер
26/03, 18:00, Радовиш – Куманово
26/03, 19:00, Алкалоид – Охрид

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186