Грац домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа трета сезона по ред

|
15:22

Австрискиот град Грац ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа во женска конкуренција.

Трета сезона по ред, Грац ќе ги собере најдобрите четири екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување на 3 и 4 мај.

„Рајфајзен Арена“ во Грац ќе биде домаќин на четири меча, кои од трибините ќе ги гледаат најмалку по 3.000 гледачи.

Македонски претставник во Лигата на Европа оваа сезона беше Ѓорче Петров, но шампионот беше елиминиран во второто коло.

По одигрувањето на реваншите од третото коло ќе бидат познати патниците во групната фаза каде ќе играат 16 екипи.

Грац домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа трета сезона по ред

Автор: Душко Андов
| 13 ноември 2024
15:22

Австрискиот град Грац ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа во женска конкуренција.

Трета сезона по ред, Грац ќе ги собере најдобрите четири екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување на 3 и 4 мај.

„Рајфајзен Арена“ во Грац ќе биде домаќин на четири меча, кои од трибините ќе ги гледаат најмалку по 3.000 гледачи.

Македонски претставник во Лигата на Европа оваа сезона беше Ѓорче Петров, но шампионот беше елиминиран во второто коло.

По одигрувањето на реваншите од третото коло ќе бидат познати патниците во групната фаза каде ќе играат 16 екипи.

Полска со Кобилинска, Горна и Росијак…по изненадување на ЕП

Автор: Влатко Мирчески
| 12 ноември 2024
21:10

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Полска, Арне Сенстад, го објави списокот на ракометарки за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Полскиот селектор за континенталниот собир ќе смета на 18 ракометарки, меѓу нив се и искусните –  Моника Кобилинска, Адријана Горна и Александра Росијак.

Полска на Европското првенство во групната фаза ќе игра против репрезентациите на Франција, Шпанија и Португалија.

Сенстад ќе треба да направи добра тактика, особено за натпреварите против Шпанија и Португалија, бидејќи Франција е голем фаворит во групата Ц.

Избраничките на Сенстад токму против Франција ќе го одиграат првиот натпревар на континенталниот собир.

Јагодина со петти сезонски триумф – Стефаноска со „четворка“

Автор: Влатко Мирчески
| 13 ноември 2024
20:55

Репрезентативката на Македонија, Сара Стефаноска, заедно со Јагогина се израдуваа на петтиот сезонски триумф во српскиот шампионат.

Јагодина за ривал во 8. коло го имаше некогашниот шампион на Србија, Наиса Ниш, и успеа да триумфира со плус шест, 27:21.

Екс ракометарката на Вардар во дадената минутажа на теренот запиша четири гола од шест обиди, а зад своето име имаше и две асистенции.

За Јагодина ова беше важна победа пред реванш натпреварот против Јонијас во рамки од 3. коло од Европскиот Куп.

Клубот на Стефаноска на првиот дуел беше поразен од грчкиот клуб, загуби со седум гола разлика, 27:20.

Две години суспензии за Радуловиќ, Треноска и Беќарова, казна и за делегатот на скандалозниот натпревар!

Автор: Душко Андов
| 13 ноември 2024
12:00

Одлуките на Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија по скандалозниот натпревар меѓу Скопје и Гевгелија од Купот на Македонија, денеска беа потврдени во билтенот на РФМ.

Како што прв објави 24Ракомет, Скопје и Гевгелија се исклучени од Женската лига до крајот на сезоната, како сениорските, така и сите нивни младински екипи.

Одговорните лица на двата клуба – Валентина Радуловиќ, Веселинка Треноска и Јулија Беќарова се казнети со двегодишни суспензии.

Делегатот на овој натпревар, Митко Ѓорѓиевски, исто така доби казна од шест месеци, поради пропусти при составувањето на записникот.

🎥 СКАНДАЛ во македонскиот Куп – си даваа автоголови, за да не победат!

🎥 Министерот Ристовски потврди – ќе им се одземат лиценците на Скопје и Гевгелија!

📸 Македонскиот ракомет стана сеир на Балканот!

24Ракомет дознава: РФМ ги исфрли Скопје и Гевгелија од лигата!

Хрватска на ЕП без главните ѕвезди – Обрван не смета на Мичијевиќ, Блажевиќ, Пијевиќ…

Автор: Душко Андов
| 11 ноември 2024
17:22

Селекторот на Хрватска, Ивица Обрван, го објави скратениот список на ракометарки пред Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Некогашниот македонски селектор смета на 20 ракометарки, но на списокот не се најдоа трите главни ѕвезди – Ќамила Мичијевиќ, Валентина Блажевиќ и Теа Пијевиќ.

„Ова е исклучиво моја одлука за ова ЕП. Ниедна ракометарка не престана да биде дел од репрезентацијата, и на сите им се вратите отворени. На списокот има многу млади ракометарки кои треба да бидат иднина на хрватската селекција“, изјави Обрван.

Покрај претходно споменатото трио, Обрван нема да може да смета ниту на пивотменката Ана Дебелиќ.

Хрватската јавност во нивно отсуство најмногу ќе очекува од капитенката Јежиќ, голманката Капитановиќ, како и од бековите Пркачин и Милосављевиќ.

Хрватска е во група со еден од домаќините, Швајцарија, како и со Данска и Фарски Острови, а натпреварите ќе ги игра во Базел.