Ѓорчепетровки денес ја почнуваат борбата за четвртфинале во Европа

Ракометарките на Ѓорче Петров денес пред својата публика ќе го одиграат првиот дуел против чешкиот Хазена Кинжварт од осминафиналето во Европскиот Куп.

Ѓорчепетровки имаат убава можност да обезбедат поволен резултат пред реваншот, кој ќе се одигра на 20 јануари во градот Чеб.

Избраничките на Симе Симовски ќе треба да го дадат максимумот, бидејќи ривалот од Чешка најави голема борба.

Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Хазена Кинжварт започнува со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.

Победникот од овој двомечот ќе се пласира во ТОП 8 во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Кицеска: Целта е да стигнеме што подалеку во Европа

Ѓорче Петров против Кинжварт ја започнува борбата за ТОП 8 во Европа – влезот е бесплатен