Ѓорче Петров со ново засилување – потпиша пикер од Бразил!

Актуелниот шампион Ѓорче Петров го донесе и второто засилување за продолжението на сезоната и за европските настапи.

Станува збор за бразилската интернационалка Милена де Соуза Менезес, која има 23 години и настапува на позицијата пивот. Менезес доаѓа од тимот на Рецифел, во кој настапувала цела своја кариера и доаѓањето во Македонија ќе и биде прво интернационално искуство.

Нема запишано официјални настапи за бразилската репрезентација, но се наоѓа на поширокиот список. Во Ѓорче Петров ќе им се придружи на Катерина Дамјаноска и Ива Велкова, кои настапуваат на пивотменската позиција, а тренерот Симе Симовски ќе добие поширок ростер.

Претходно Ѓорче Петров се засили со десниот бек Талита Алмеида, која ја покрива десната бековска позиција и ќе биде големо засилување пред европските настапи и четвртфиналниот двомеч од Европскиот Куп со шпанскиот Елче.

Првиот натпревар против Елче се игра на 10 март, додека реваншот е во Скопје на 17 март.

Во домашната лига, Ѓорче Петров стартуваше во пролетниот дел со убедлива победа над Пелистер, а со новите две засилувања се чини дека останува најголем фаворит за трофеите во Македонија.

Ѓорче Петров доби јужноамерикански шмек: Бразилска репрезентативка потпиша за шампионот!