Македонскиот шампион Ѓорче Петров го донесе шестото, а петто странско засилување пред стартот на новата сезона. „Лавиците“ ќе бидат посилни за десното крило на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Ана Вранчиќ.
Таа во Скопје од грчкиот шампионат, каде што настапуваше за ПАОК Солун и ќе ја пополни десната крилна позиција. Вранчиќ, кој има хрватско потекло, е искусна ракометарка со многу европски настапи и сигурно ќе биде од голема корист за тренерот Симе Симовски.
Вранчиќ ја започнала кариерата во Катарина Мостар, а потоа била дел од составот на Зрињски Мостар, со кој има стигнато до четвртфиналето на Челинџ Купот. Во 2014 година се преселила во составот на Груде, каде што играла три сезони, а уште толку поминала во Извиѓач Љубушки.
Една сезона била дел од Борац Бања Лука, пред да го има прото интернационално искуство во хрватскиот Умаг. Од 2022 година беше членка на грчкиот ПАОК Солун, со кој освои две титули во шампионатот и два трофеи во Купот на јужниот сосед на Македонија.
Претходно Ѓорче Петров ја засили голманската позиција со Флавија Лима Габина, потоа и бековските позиции со Јана Калајџиевска, Петра Јершек, Ивана Дежиќ и Есма Муратовиќ. „Лавиците“ покрај настапите во домашните конкуренции, ги очекува и предизвик во Лигата на Европа, каде во второто коло ќе се сретнат со шведскиот Хорс. Ако го минат овој ривал, „лавиците“ ќе играат против францускиот Париз.