По ЕХФ неделата, дамите денеска се вратија на домашна сцена, а во натпревар од 8. коло од групата В, се сретнаа актуелниот шампион Ѓорче Петров и екс првакот Вардар.
Очекувано, избраничките на Симе Симовски ја оправда фаворитската улога против „црвено-црните“, триумфираа со 16 гола разлика, 42:26. За разлика од првиот натпревар, на кој Вардар даде голем отпор во првото полувреме, на второто соочување одигра лошо.
Ѓорче Петров победата ја најави уште во првиот дел, кој го доби со 22:14, во второто полувреме одигра речиси на исто ниво како во првите 30 минути, а гостинките беа рамноправни само во воведниот дел.
За Ѓорче Петров ова беше седми сезонски триумф, актуелниот шампион осамна на врвот, има 14 бодови, а Вардар остана на осум, но избраничките на Платон во досегашниот тек од сезоната победија на сите натпревари на кои беа фаворити.