Гонзалез: Се изненадив од мотивираноста на Еурофарм Пелистер

Ракометарите на ПСЖ на свој терен не дозволија Еурофарм Пелистер да приреди сензација и прославија победа со 31:26 во натпревар од 4. коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалез, по добиената битка со пелистерци ги сподели своите импресии и имаше пофални зборови за македонскиот шампион.

,,Мислам дека денес се соочивме со многу проблеми, и во фазата на одбрана и во нападот. Проблеми ни создаде Еурофарм Пелистер кој играше како тим, но и заморот од тешкиот натпревар против Нант во неделата. Се паметат бодовите и тоа е најважно, но мора да се подобриме. Ме изненади мотивираниот тим на Еурофарм Пелистер и сакам да им честитам за настапот. Се радувам на нашата следна средба и доаѓањето во Македонија”, изјави Гонзалес.

Следен натпревар за ПСЖ ќе биде дома против Алборг, додека Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Загреб.

Храбриот Еурофарм Пелистер скапо ја “продаде кожата”, ПСЖ се испоти за триумф