Репрезентативецот на Исланд, Бјоргвин Густафсон, ќе биде еден од главните адути на островската земја на Европското првенство 2024.
Искусниот голман, кој со репрезентацијата на Исланд освои сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг (2008), две години подоцна и бронзен медал на Европското првенство во Австрија (2010), би можел да биде еден од кандидатите за претседател на Исланд на изборите, кои се закажани за месец јуни.
38-годишниот голман пред заминувањето на Европското првенство кратко ги коментираше најавите за неговата можна претседателска кандидатура.
„Се уште не сум донесол никаква одлука, немам одлучено“, изјави Густафсон.
Исланд на Европското првенство во Германија за ривали го групната фаза ги има репрезентациите на Србија, Црна Гора и Унгарија.
Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во главната фаза на ЕП.