Десното крило на Монпелје, Јанис Лен, се здоби со сериозна повреда на натпреварот од француското првенство против Шамбери.
Лен ја скина левата Ахилова тетива и ќе паузира најмалку шест месеци, па тимот од Монпелје ќе мора да ја доигра сезоната без еден од своите најдобри играчи.
Повредата на Лен е сериозен удар за Монпелје, кој за неколку дена ќе го одигра реванш натпреварот против Порто за пласман на Ф4 турнирот во Лигата на Европа.
Порто покажа дека не е тим за потценување и загуби минимално со 30:29, па Монпелје ќе мора да го даде максимумот доколку посакува пласман меѓу најдобрите четири екипи.
Како што е познато, искусниот Лен летово требаше да се пресели во унгарскиот Веспрем, но повредата ќе ја одложи неговата премиера во новиот клуб.