Репрезентацијата на Швајцарија осетно ќе биде ослабена на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска.
Селекторот Енди Шмид нема да може да смета на првата алка, средниот бек Мануел Зендер, кој поради повреда нема да настапи на Мундијалот.
Членот на Магдебург се повреди на пријателскиот натпревар против Италија во рамките од традиционалниот „Yellow Cup“ во швајцарскиот град Винтертур.
Лекарските прегледи покажале дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено, па така Зендер ќе мора на операција и подолга пауза.
Освен за Швајцарија, неговото отсуство ќе биде голем удар за поранешниот европски првак Магдебург.
Швајцарија има тешка група на Мундијалот и за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Германија, Чешка и Полска.