Голден Арт ја доби втората „контролка“ против Пролет

Ракометарите на Голден Арт и Пролет денеска го одиграа својот втор контролен натпревар пред стартот на вториот дел од сезоната.

На втората „контролка“ триумфираа „градежниците“ со 30:27 (17:15)  покажувајќи дека влегуваат во посакуваната форма за настапот во плеј-аут фазата.

Голден Арт откако во првото полувреме премногу лесно ја пробиваше зоната на Пролет, во вториот дел наиде на поцврста одбрана, во еден момент избраниците на Александар Јовиќ направија пресврт, но не издржаа до крајот.

На претходниот контролен натпревар подобар беше составот на Пролет, кој победи со два гола разлика, 29:27.

Пролет во вториот дел од сезоната ќе игра во плеј-оф фазата и ќе се бори за едно од местата кои што водат во Европа.

Екипата на Голден Арт ја очекува борба за опстанок во суперлигашката конкуренција.