Гогов ги откажа битолчани – Вардар ќе игра на Ф4 турнирот во Купот

Најтрофејниот македонски клуб е првиот тим што обезбедува место на Ф4 турнирот, иако мораше да остане три дена во Битола, и да игра два меча во ист ден. Другите три екипи ќе се знаат најдоцна до вторник, утре се играат две 1/4 финални групи, а една се игра во вторник.

Вардар остана четири дена во Битола, но имаше три победи, а со двата триумфа во 1/4 финалето на Купот се пласираше меѓу четирите најдобри. Продолжува серијата на победи на скопјани која сега е 14 натпревари без пораз.

Васил Гогов одбрани 8 топки во првот дел, а ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да дадат само 9 гола (два од пенал), и тоа беше периодот што го реши и победникот на мечот. Вардарци иако комбинираа со составот сеапк беа пресилни за вториот тим на шампионот, па на крајот „црвено-црните“ триумфираа со 28-25 (18-9).

Еурофарм Пелистер 2 беше поодморен за овој меч бидејќи утрината не го играше својот дуел со Борец ФЛ, откако велешани дојдоа со девет ракометари, па тој натпревар беше регистриран со службен резултат 10-0. Наспроти нив Вардар имаше напоред дуел со Бутел што го доби дури во последниот дел од средбата.

Тренерот Милано на пладневнот меч му даде шанса на Коиј, но Холанѓанецот не беше во составот сега, исто како и Младен Крсманчиќ, Хансер Родригез, Гоце Георгиевски, Вуко Борозан. Во тимот беше Мигуел Пинто, Матија николиќ, Ален Ќосевски, Марио Стојановски и Марко Богдановски.

Се држеа младите битолчан само до 14 минута, кога последен пат израмнија (6-6). Потоа Вардар направи серија од 9-1 и зголеми на 15-7. До крајот предноста се зголеми на 18-9. Гогов имаше успешни интервенции, а домашните ракометари само седумпати успеаја да го совладаа од игра, и плус двапати од пенал.

Само што почна второто полувреме разликата се искачи на „плус 10“ како најава дека тешко е можен пресврт. Остануваа 22 минути до крај на средбата, а предноста на „црвено-црните“ беше 22-14. Вардарци како да се опуштија, па разликата се стопи и се намали на 23-17, но Пинто брзо зголеми на „плус 7“ во 44 минута.

Во последните десет минути од мечот Вардар влезе со предност од 25-20 и имаше напад кога тренерот Гиљермо Милано побара минута одмор да подели совети како да се продолжи и смирено да се заврши натпреварот. Намалија домашните на пет гола негатива, па Вардар пак зголеми на „плус 7“. Последните неколку минути гостите од Скопје правеа технички грешки, а тоа Еурофарм Пелистер 2 го искористи и намали на само три гола негатива, 25-28. Немаше време за пресврт освен за намалување на негативата бидејќи Вардар беше сигурен во победата.

Во победничкиот тим деветгола даде Мигуел Пинто, а шест постигна Марко Срдановиќ. Кај домашните Ненад Белистојановски постигна 6 гола.

Куп на Македонија, групна фаза, распоред:

група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале

група 2 (сала Боро Чурлевски)
27/04, 11:00, Еурофарм Пелистер – Куманово
27/04, 13:30, Радовиш – Струга
27/04, 18:30, финале

група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28

група 4 (сала Билјанини Извори)
27/04, 11:00, Прилеп – Охрид
27/04, 13:00, Тиквеш – Аеродром
27/04, 19:00, финале