Го елиминираа Ѓорче Петров во четвртфиналето, сега ќе играат финале во Европскиот Куп

Екипата на Елче, во која настапува легендарната Александра До Насименто, обезбеди пласман во финалето од Европскиот Куп.

Елче во полуфиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување играше против Рокаса Гран Канарија и ги доби двата дуели.

Шпанскиот тим во четвртфиналето се сретна со македонскиот шампион Ѓорче Петров и на двапати беше убедлив против „лавиците“.

Ривал на Елче во финалето ќе биде словачкиот првак Јувента Михаловце, кој успеа да ја елиминира силната Бенфика.

Првиот натпревар од финалето меѓу Елче и Јувента Михаловце ќе се одигра на 18/19 мај, додека реванш средбата на 25/26 мај.