Селекторот на женската репрезентација, Кристијан Грчевски, ќе смета на 19 ракометарки за двата меча од баражот за СП 2025 против селекцијата на Полска.
Од комбинација поради повреда отпадна левиот бек Леонида Гичевска, која оваа сезона е дел од руската Лада Тољати.
За овој двомеч од репрезентативна пензија се врати левото крило Јована Саздовска, а повратник во националниот тим е и левиот бек Ангела Јанкуловска.
Репрезентативките вчера го имаа првиот собир, а утре ќе заминат за полскиот град Кошалин, каде ќе се игра првата средба.
Таа е закажана за 9 април во 20:30 часот, додека реваншот ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 19:00 часот.
Состав на Македонија:
Мицевска, Чурлиновска, Петковска, Граматова, Саздовска, Ризоска, Ристовска, Гакидова, Џатевска, Дамјаноска, Младеновска, Кипријановска, Маџовска, Јанкуловска А., Јанкуловска М., Коларовска, Јанеска Килдан, Седлоска, Арсениевска