Гичевска и Дамјаноска едногласни: Се боревме за секоја топка

Женската репрезентација на Македонија со два порази од Шпанија во квалификациите за ЕП 2024 ја заврши ЕХФ неделата.

За разлика од поразот во Скопје, по овој во Ланцароте може да се извлечат и некои позитивни работи, а со тоа се согласува и левиот бек Леонида Гичевска.

„Игравме многу поборбено отколку во Скопје. Изгледавме многу поискусно, се боревме за секоја топка, како во одбраната, така и во нападот и се покажавме во многу поразлично светло. Ако игравме вака во Скопје, можеби ќе дојдевме и до победа“, вели Гичевска.

Кружниот напаѓач Катерина Дамјаноска размислува слично.

„Задоволна сум од прикажаното на овој натпревар. Покажавме многу поубава игра од Скопје. Имавме добра одбрана, се боревме за секоја топка. Нападот ни беше мирен и сталожен, игравме со ладни глави. Немавме промашени зицери, дел од грешките од првиот натпревар ги поправивме. Треба да бидеме задоволни бидејќи загубивме со десет гола на првиот меч, а сега само со четири, сепак ова е Шпанија“, вели Дамјаноска.

Следните два меча се на програмата во април. На 3 април Македонија ќе гостува во Баку кај Азербејџан, додека последниот натпревар го игра во Скопје на 7 април против Литванија.

Со победа против Азербејџан и со пораз на Литванија од Шпанија, Македонија на 3 април ќе го потврди местото на Европското првенство.

Шпанија со фуриозно второ полувреме ја совлада Македонија