Германска легенда и се враќа на тренерската работа

Легендарниот Германец Мартин Швалб по пауза од три години ќе и се врати на тренерската работа.

Швалб денеска беше промовиран во Ерланген и во тековната сезона ќе им биде тренер на Калифа Гедбан, Марко Безјак, Мачеј Гебала, Клемен Ферлин…

Легендарниот Швалб по заминувањето од тренерското столче во Рајн Некар Левен во 2021 година, беше дел од Хамбург каде ја извршуваше претседателската функција.

Со тимот на Хамбург во 2013 година, Швалб ја освои титулата во Лигата на шампионите, а ги водеше и тимовите на Вецлар, Валау…

Освен титулата во ЛШ, кога беше тренер на Хамбург освои титула и во Бундес лигата, како и два трофеи во Купот на Германија.