Германците без Каи Хафнер против Македонија!

Селекцијата на Германија ќе биде без десниот бек Каи Хафнер на мечот од втората рунда на ЕП против Македонија.

Тој и неговата сопруга викендов очекуваат да добијат дете, па Хафнер доби слободно од селекторот Гисласон да биде со своето семејство.

Гисласон има на располагање уште два десни бека на располагање – младиот Ренарс Усчинс и Кристоф Штајнерт.

Во првата рунда Германија славеше против Швајцарија со 27-14, додека Македонија загуби од Франција со 39-29.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра утре во „Мерцедес Бенц Арена“ од 20:30 часот.