Ѓер не простува пораз од Ференцварош – тренерот доби отказ!

Раководството на унгарскиот првак Ѓер му врачи отказ на данскиот стратег Улрик Киркели и на неговиот асистент.

Овој потег доаѓа по поразот од големиот ривал Ференцварош во финалето на Купот на Унгарија, но во многу незгоден момент.

Пред клучниот дел од сезоната, во која Ѓер ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите, беа доживеани три порази.

Иако заврши прв во групата во ЛШ, Ѓер имаше два порази од ЧСМ Букурешт и Дебрецин, како и реми против Брест Бретањ, на последните три меча, а на сето тоа се надоврза и поразот од Ференцварош.

Тоа беше доволно за данскиот стратег да добие отказ, а привремено тренер на Ѓер ќе биде Атила Кун, кој работеше во академијата на унгарскиот клуб, се додека не биде најдено ново тренерско решение.