Тимот на Чаир ја совлада Гевгелија со убедливи 38-13 и ја задржа втората позиција на табелата по 11 кола во Женската лига.
Предводени од левото крило Стефанија Ѓеоргиевска, домаќинките немаа многу проблеми против последнопласираниот тим.
Поведоа со 6-1, беше и 11-3, па јасно беше каков тек ќе има овој натпревар. До паузата избраничките на Басри Љатифи ја задржаа предноста, 18-10.
Во второто полувреме погодуваа уште повеќе, а одбраната дозволи само уште три гола на гостинките за висока победа.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ѓеоргиевска со 11 гола, а пет гола даде Хана Мифтари, додека кај Гевгелија, Ступар и Шуклева имаа по четири погодоци.