Final - Croatia vs Denmark, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 02.02.2025, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Фуксе Берлин има голема желба да го донесе Симон Питлик

Еден од најдобрите ракометари на светот, левиот бек Симон Питлик, е посакуван во редовите на Фуксе Берлин.

Според информациите на „RTH Handball“, постои голем интерес од Фуксе Берлин за Данецот, кој моментално го носи дресот на Фленсбург.

Питлик ја игра втората сезона во Фленсбург, а во бундеслигашот пристигна од неговиот матичен клуб ГОГ.

Доколку се остварат шпекулациите, тогаш Питлик во Фуксе Берлин ќе игра заедно со неговиот репрезентативен колега Матијас Гидсел.

Двајцата играа заедно во ГОГ, тим кој во сезона 2022/23 стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Како што е познато, голематата ѕвезда го продолжи договорот со клубот од Берлин, во редовите на ,,лисиците” ќе остане најмалку до 2029 година.