Француски судии за дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце

Ракометарите на Еурофарм Пелистер в среда ќе го одиграат шестиот натпревар од Лигата на шампионите.

Ривал на пелистерци ќе биде полскиот шампион Келце, а Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица.

Судии ќе бидат Карим Гасми и Рауф Гасми од Франција, додека делегат ќе биде Ајберк Дилмен од Турција.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце се игра на 25 октомври во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Битолчани досега загубија на пет средби во елитната конкуренција.