Селекцијата на Шведска, актуелен европски првак во кадетска конкуренција, загуби на стартот на ЕП од Франција со 31-26.
Вториот ривал на Македонија ја имаше контролата во најголем дел од мечот, на паузата водеше со 13-11, а во второто полувреме комплетно го надигра ривалот и победнички го отвори ЕП.
Германија и Србија во групата Б стартуваа со победи, а исто беше случајот со Португалија и Хрватска од групата Ц.
Лесни победи запишаа и Фарски Острови, Данска, Исланд…додека Шпанија мораше да се испоти добро со Австрија.
ЕП кадети, 1 коло, резултати:
Група А
Словенија – Македонија 33-30
Шведска – Франција 26-31
Група Б
Германија – Италија 48-26
Србија – Турција 34-25
Група Ц
Португалија – Чешка 27-25
Хрватска – Израел 33-29
Група Д
Исланд – Црна Гора 39-25
Унгарија – Швајцарија 33-30
Група Е
Норвешка – Полска 26-32
Данска – Словачка 35-22
Група Ф
Фарски Острови – Финска 38-31
Шпанија – Австрија 25-23

























