Откако минатото коло постигна гол за реми против Радовиш во последните секунди, бекот Петар Ферукоски беше човек на одлука и на мечот со Металург РА. Стружанецот беше стрелец на победничкиот гол против составот од Автокоманда, кој беше совладан од Драчево со 28-27 во последната рунда од прволигашкиот плеј-оф.
Во првиот дел се играше израмнето, двете екипи водеа по еднаш со по два гола разлика, а на пауза Драчево замина со предност, 13-12.
Во второто полувреме драчевци имаа и плус четири, 20-16, но дозволија упорните избраници на Александра Кузмановска да стигна до реми и да го направат финишот возбудлив.
Металура РА не само што израмни, туку и поведе со 26-25, но тимот на Велимир Настески не дозволи така да остане до крајот и Ферукоски стрелаше за 28-27.
До крајот двете екипи имаа прилики за реализации, но немаа погодоци, а Ангеловски го одбрани последниот шут на Петровски од Металург РА од слободен удар и трите бода ги освоија драчевци кои ја преземаа четвртата позиција од Металург РА и имаат 24 бода, а тимот од Автокоманда заврши како петти со 23 бода.
Покрај Ферукоски, уште пет гола даде и Шумоски, а седум пати стрелаше Дука. Кај Металург РА, Петровски имаше 12 реализации.