Fashion Week во Барселона – Нилсен, Макуц, Арињо…како на модна писта

|
13:11

Ракометарите на европскиот првак Барселона ја продолжија серијата без пораз и по осум кола во Лигата на шампионите.

Пред триумфот над францускиот Нант со 36-30, повеќето ракометари пристигнаа во „Блауграна“ скоцкани од „глава до пети“.

Најголемо внимание привлече стајлингот на еден од најдобрите светски голмани, Данецот Емил Нилсен.

Тој во стило на некои од НБА кошаркарите или на најдобрите фудбалери, се појави во салата како на модна писта.

Барса во осумте одиграни кола досега во Лигата на шампионите ги победи сите седум ривали, а само еднаш одигра реми на гости во Нант.

Вардар пушти билети во продажба – гледајте суперлигашко дерби и европски меч по популарни цени

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
14:45

Тимот на Вардар ги пушти во продажба билетите за претстојните два натпревари што го очекуваат „црвено-црниот“ тим во следните три дена.

За суперлигашкото дерби против „сино-белите“ од Автокоманда што е закажано за в недела од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, има билети по цена од 200 и 300 денари во зависност од местото на седење во салата.

За последниот натпревар од Лигата на Европа против германскиот Мелсунген, што е закажан за 20:45 за во вторник во СЦ „Јане Сандански“, има билети по цена од 300 и 400 денари во зависност од местото на седење во салата.

Вардар нуди и блок-билети за двата меча, што ќе се продаваат по цена од 350 и 450 денари во зависност од местото на седење. Сите информации за продажбата на билетите ги имате ТУКА.

„Македонија е нашата шанса за победа на ЕП“

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
16:40

Eдна од селекциите што ќе дебитираат на Европското првенство 2024 ќе биде Турција, која е ривал на Македонија во групната фаза.

Селекторот Костика Бучески, вели дека шансата за победа на континенталниот собир ја гледа против Македонија.

„Ќе се соочиме со тешки противници. Шведска и Унгарија се меѓу најдобрите во Европа и многу веројатно ќе се борат за медали. Но против Македонија, имаме шанс да победиме. Ги гледавме на ‘Трофеј Карпати’, добро ги познаваме. Можеме да направиме изненадување и да славиме“, изјави селекторот Бучески.

Од турската репрезентација, девет ракометарки играат во странство, а левиот бек Асли Искит Чалискан е во ТОП 5 стрелците во романскиот шампионат сезонава.

Македонија ќе се сретне со Турција во второто коло на ЕП на 30 декември со почеток во 20:30 часот.

Скопје сигурен на гостувањето во Штип

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
18:20

Екипата на Скопје дојде до 7-ми триумф во Првата лига, откако на гостувањето во Штип кај Текстилец славеше со 31:25.

Сега Скопје со новите два бода го презеде лидерското место во групата А, на свое конто има 14 бода, додека Македонија ЃП и Младост Богданци, екипи кои засега се на 2 и 3 место, имаат по 13, односно 12 бода.

Избраниците на Оливер Димитироски во текот на целиот натпревар беа во предност и во ниту еден момент не дозволија домашниот тим да го израмни резултатот, или пак да поведе.

Скопје на полувреме замина со предност од 17:12, на моменти во вториот дел водеше со десет гола разлика, но Текстилец во последниот период ја преполови негативата.

Прво име во таборот на гостинскиот тим беше Бојан Чакалиќ, кој запиша девет погодоци, пет додаде Александар Грујевски, по четири имаа Андреј Тркалевски, Јован Фичорски и Лука Лешникоски.

Кај Текстилец најрасположен за игра беше Филип Џинес со седум погодоци, а го следеше Филип Савев со гол помалку – 6.

Унгарија подобра од Словачка, реми на Чешка против Ангола

Автор: Влатко Мирчески
| 22 ноември 2024
22:53

Репрезентацијата на Унгарија, која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство, на контролен натпревар славеше над Словачка со 38:31.

Унгарките до победата дојдоа со подобрата игра во второто полувреме,а на пауза имаа минимална предност од еден разлика, 20:19.

Чешка на контролката против Ангола одигра само реми, 31:31, иако африканската земја имаше позитива од плус два на пауза, 15:17.

На победа во пријателските натпревари се радуваше и Швајцарија, славеше над Исланд со 30:29. Овие две репрезентации, исто така ќе бидат учесници на Европското првенство, а Швајцарија е еден од ко-организаторите.

Избраничките на Кристијан Грчевски утре против Србија ќе го одиграат последниот контролен натпревар пред ЕП.

Македонија поразена од Хрватска на „Кроација Куп“

Македонците на Косово во победничко издание

Автор: Влатко Мирчески
| 21 ноември 2024
19:05

Екипата на Раховец, која е предводена од Горан Андоновски, а во која настапува кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, продолжува да биде доминантна во косовскиот шампионат, откако во заостанатиот натпревар од 7. коло славеше убедливо против Лапи.

Раховец оствари победа изразена со дури 32 гола разлика, 52:20. На полувреме избраниците на Андоновски имаа предност од 28:7 и во вторите 30 минути продолжија во ист стил.

По девет одиграни кола, тимот на Раховец се наоѓа на лидерското место со 18 бода, додека неговите најголеми ривали – Беса и Кастриоти имаат четири помалку, односно 14.

На победа во косовскиот шампионат се радуваше Вјоса, тим во кој настапуваат Стефан Кочаров, Синиша Павлов, Обрен Фичуровски, Илија Трпевски и Стефан Димевски.

Вјоса за ривал во 9. коло ја имаше Трепча и со одличната игра во двете полувремина дојде до важен триумф од 43:26.

Кочаров беше меѓу најдобрите стрелци, натпреварот го заврши со шест гола, Павлов и Фичуровски имаа по четири успешни реализации, додека Димевски двапати се запиша во листата на стрелци.

Тимот на Вјоса со новите два бода влезе во игра за 5. позиција на табелата, сега има шест бода, исто толку има и петтопласираната Вуштрија.