Фараните се амбицираа, градат поголема сала за ракомет

Машката селекција на Фарски Острови беше на прагот на пласман на СП 2025, но на патот им застана Македонија. Дамите за првпат ќе играат на голем собир, откако обезбедија место на ЕП 2024, а сите младински селекции веќе играат на големи натпреварувања.

Тоа ги амбицира властите на Фарски Острови, па веќе се гради нова сала за екипни спортови.

Салата во Торшавн во која ракометните селекции ги играат домашните натпревари е претесна да ги собере сите љубители на ракометот.

Таа има капацитет од 1.700 гледачи, а новата што веќе се гради и ќе се вика „Тјарнир“ ќе може да собере 3.700 гледачи.

Планот е да биде отворена во јануари 2025 година, а многу веројатно ќе биде  отворена со натпревар од квалификациите на машката ракометна репрезентација од квалификациите за ЕП 2026 година.