Од денеска на пладне ќе стартува продажбата на билети за групите во Пореч и Вараждин од Светското првенство 2025 година што освен во Хрватска, ќе се игра и во Данска и Норвешка.
Македонија ќе игра во Вараждин, а цените на билети за ден, односно за двата меча се 50 евра, односно 70 евра во зависност од местото на седење.
Во продажба се само дел од секторите за седење во салата, а за македонските фанови е резервиран сектор К.
Македонија против Унгарија игра на 15 јануари, против Холандија на 17 јануари, додека последната средба од групната фаза ќе биде на 19 јануари против селекцијата на Гвинеја.
Влезници за главната рунда за групата што ќе се игра во Вараждин, се уште нема во продажба.
Билети за СП 2025 може да се купат на следниот ЛИНК.