Европската ракометна федерација го потврди терминот на првиот полуфинален натпревар од Европскиот Куп меѓу македонските „сино-бели“ и норвешкиот Рунар.
Тимот на Кирил Лазаров ќе биде домаќин на Рунар Сандефјорд на најголемиот христијански празник Велигден.
Иако имаше можност мечот да се игра во СЦ „Јане Сандански“ или СЦ „Борис Трајковски“, сепак раководството на освојувачот на Купот се реши за Автокоманда.
Натпреварот е закажан за 20 април со почеток во 19:00 часот, додека реваншот е на 27 април во Сандефјорд од 17:00 часот.