Европскиот првак го договори првото засилување за следната сезона

Актуелниот европски првак Магдебург денеска го соопшти првото засилување за следната натпреварувачка сезона.

Ново име во Магдебург ќе биде повремениот репрезентативен на Германија, Тим Зечел, кој настапува на позицијата кружен напаѓач.

Двете страни се договорија на соработка, која ќе биде со важност од три сезони, односно до 30 јуни, 2027 година.

27-годишниот ракометар на почетокот на неговата кариера го носеше дресот на младинскиот тим на Магдебург.

Тогаш младинскиот тим на бундеслигашот беше предводен од неговиот иден тренер Бенет Вигерт.

Зечел редовите на Магдебург ќе ги засили од Ерланген, тим во кој настапува од сезона 2021/22.