Еве кои арбитри ќе го судат дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар

Ракометната федерација ги делегираше официјалните лица за првата рунда од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.

Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Делегати на натпреварот ќе бидат Ацо Николовски и Марјан Начевски.

Првото дерби меѓу двата најголеми кандидати за титулата ќе се игра во распродадената сала „Боро Чурлевски“ в сабота со почеток во 18:00 часот.

Вардарци се на првото место на табелата со три бода, додека битолчани пренесоа два, што беше доволно за втората позиција.