Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со ракометарот Кајо Цикатиќ пред планираниот истек.
На пријателски начин ракометарот и клубот одлучија да ги раздвојат своите патови по шест месеци соработка.
Цикaтиќ дојде во Битола од хрватскиот клуб Горица во летото 2024 година. Во битолскиот клуб настапи во домашното првенство и Лигата на шампионите.
По заминувањето на Цикатиќ, во тимот на Еурофарм Пелистер остануваат тројца пикери – Жарко Пешевски, Самоил Ристевски и Мохамед Мамдух Шебиб.