Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за полуфиналните двојки на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони.
Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ќе се соочат со тимот на ГОГ Гудме кој на квалификацискиот турнир ги елиминира германските Магдебург и Фуксе Берлин.
Младите битолчани го освоија квалфикацискиот турнир во Букурешт, каде ги победија полскиот Келце, а потоа и домаќинот Динамо Букурешт.
Термините за натпреварите од Ф4 се 14/15 во „Ланксес Арена“ во Келн, паралелно со сениорскиот Ф4, а ЕХФ дополнително ќе ги потврди саатниците за натпреварите.