Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за дуелот со европскиот вицепрвак

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 6. коло од Лигата на шампионите на свој терен ќе го пречека европскиот вицепрвак Келце.

Избраниците на Александар Јовиќ дуелот против полскиот гигант ќе го одиграат во среда (25 октомври), со почеток од 20:45 во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Битолскиот тим денес ги пушти во продажба поединечните билети за дуелот со Келце, истите се продаваат по цена од 550 и 450 денари.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во досегашниот тек од сезоната во европската елита не успеаја да освојат бод, беа поразени на сите пет натпревари.

Келце во Битола нема да допатува во полн состав, ќе отсуствуваат Симон Сичко и Алекс Душебаев.