По Мартин Јовановски и Стефан Дрогришки, Еурофарм Пелистер 2 го промовираше третото ново име пред стартот на новата сезона.
Тимот предводен од тренерот Александар Зарков се засили со еден од најдобрите прволигашки стрелци – левото крило Дамјан Наумовски.
Битолчанецот се враќа во родниот град и матичниот клуб по настапите за Металург РА и Јехона од Гостивар, каде имаше одлични партии.
Прволигашките битки ќе започнат кон средината на септември, а Еурофарм Пелистер 2 ќе се обиде веднаш да се врати во елитната конкуренција.