Еурофарм Пелистер 2 на силен турнир во јужниот сосед

По настапот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и пласманот во финалето, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, ги очекува уште еден претсезонски турнир.

Тој ќе се игра во јужниот сосед во организација на второлигашот Аминтас Аминтаиу, а во чест на Христос Козаманидис.

Покрај македонскиот тим и домаќинот, ќе играат уште силниот ПАОК Солун и ГАС Килкис, против кој своевремно битолчани играа во евро куповите.

Полуфиналниот натпревар против ГАС Килкис, избраниците на Александар Зарков ќе го одиграат утре од 15:00 часот, додека во второто полуфинале ќе се сретнат ПАОК и домашниот тим Аминтас.

В сабота од 15:00 часот е мечот за третото место, додека од 18:00 часот ќе се одигра финалниот натпревар.