Еурофарм Пелистер 2 на максимум – со 30 разлика ја совлада Јехона

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи победничката низа во прволигашката конкуренција и го запиша шестиот триумф во исто толку натпревари.

Избраниците на Александар Зарков го совладаа составот на Јехона со убедливи 30 гола разлика, 41-11.

Победникот беше познат уште по првиот дел, кога домаќините водеа со 22-4, а во второто полувреме продолжи доминацијата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Ненад Белистојаноски со десет и Марко Димовски со осум гола, а кај Јехона пет гола даде Мојсе Тасески.

Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе му гостува на Аеродром, додека Јехона ќе биде слободна.