Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ќе се борат за третото место на меморијалниот турнир „Христос Козаманидис“.
На турнирот што се игра во организација на второлигашот Аминтас Аминтаиу, битолчаните беа поразени во полуфиналето од составот на ГАС Килкис со 30-27.
Во другото полуфинале, ПАОК беше надмоќен против Аминтас и славеше со 40-16, па за трофејот ќе се борат Килкис и тимот од Солун.
Избраниците на Александар Зарков утре за третото место ќе се борат со организаторот Аминтас во натпревар што ќе започне од 15:00 часот.
В сабота од 15:00 часот е мечот за третото место, додека од 18:00 часот ќе се одигра финалниот натпревар.
Овие проверки се добредојдени за тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој од средината на септември го очекува настапот во Првата лига.