Естонската ракометна федерација го одреди градот-домаќин за натпреварот со Македонија од квалификациите за ЕП 2026.
Момците на Кире Лазаров ќе гостуваат во естонската престолнина Талин на 8 мај во петтиот меч од евро-квалификациите.
Дуелот ќе се игра во салата Калев во Талин, каде што Естонците ги играат сите домашни мечеви и ќе започне од 18:00 часот.
Претходно на 12 март Македонија ќе игра во Скопје против Словенија, ќе гостува кај истиот ривал во градот Копер на 16 март, а по средбата со Естонија, нашата селекција ќе биде домаќин на Литванија на 11 мај.
Македонија има победа над Естонија и пораз од Литванија, се наоѓа на второто место, но би требало да има лесен пат до ново големо натпреварување што во 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.