Некогашната ракометарка на Вардар, Алисон Пино, претстојното лето ќе се врати во својата татковина.
Таа го заврши престојот во Крим Љубљана и пред крајот на кариерата реши да одигра уште една сезона во тимот на Мец.
Пино мина три сезони во словенечкиот првак што беше нејзин втор престој таму, а претходно беше дел од Будуќност, Вардар, Валчеа и Баја Маре.
Од француските клубови Пино настапуваше за Иси Париз, Париз, Ним и Брест Бретањ, а во Мец играше од 2009 до 2012 година и ова ќе биде камбек за неа во истиот клуб.