Денеска во просториите на македонската куќа на ракометот беа извлечени редните броеви на екипите што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот.
Осум екипи ќе бидат дел од разигрувањето за опстанок, но не знаат колку од нив ќе ја напуштат елитната конкуренција.
РФМ треба час поскоро да се огласи околу системот на натпреварување и да ги инфомира клубовите како ќе се игра во сезоната 2024/25, со оглед на тоа што предлогот Супер лига А и Супер лига Б беше отфрлен на Собранието.
Во првата рунда од плеј-аутот, Прилеп ќе игра дома со Скопје, Еурофарм Пелистер 2 оди на гостување кај Аеродром, Куманово ќе го пречека Вардар Неготино, додека Голден Арт битката за опстанок ќе ја почне на домашен терен.
Натпреварите од првата рунда ќе се играат во вториот викенд од февруари.
Супер лига, плеј-аут, 1 коло:
Голден Арт – Мулти Есенс
Прилеп – Скопје
Аеродром – Еурофарм Пеллистер 2
Куманово – Вардар Неготино
Супер лига, плеј-аут
Голден Арт 3
Еурофарм Пелистер 2 3
Аеродром 2
Прилеп 2
Мулти Есенс 1
Куманово 1
Вардар Неготино 0
Скопје 0