Европската ракометна федерација иако најави дека полуфиналните двојки на првото издание на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони ќе се формира по костурот 1-4/2-3, сепак нема да биде така.
Според овој костур, победниците од првиот и четвртиот квалификациски турнир, Веспрем и Еурофарм Пелистер, требаше да играат меѓусебе во Келн.
Сепак нема да биде така и ќе има ждрепка која ќе се одржи заедно со ждрепката за сениорските екипи на 2 мај од 14:00 часот.
Покрај Веспрем и Еурофарм Пелистер, на Ф4 во „Ланкес Арена“ што ќе се одржи на 14 и 15 јуни ќе играат уште и Барселона и данскиот ГОГ Гудме.
Тоа значи дека во полуфиналето Еурофарм Пелистер може да игра против било која екипа од трите останати на Ф4.
Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски се пласираа на Ф4 откако ги победија Келце и Динамо Букурешт на турнирот во романската престолнина.