Европската ракометна федерација утринава ги објави официјалните лица за натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите и очигледно е дека Македонците уживаат голема доверба во европската куќа на ракометот.
Две судиски двојки од Македонија добија задачи, а една од нив ќе го суди и натпреварот на неделата!
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани за натпреварот меѓу европскиот првак Барселона и данскиот Алборг, што ќе биде реприза од финалето минатата сезона.
Овој натпревар е закажан за 10 октомври во „Блауграна“ со почеток во 20:45 часот, а делегат е Гулао од Португалија.
Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани за дуелот меѓу францускиот Нант и норвешкиот Колстад, кој ќе се игра на 10 октомври од 20:45 часот, а делегат е Нагел од Швајцарија.