Eурофарм Пелистер го објави ростерот – Кои броеви ги одбраа засилувањата на битолчани? (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола додека ги одработува подготовките за новата сезона на Маврово практично ги одработува и сите формалности околу шампионатот кој следува.

Веќе е комплетиран играчкиот ростер, а денеска беа објавени и бројките со кои ракометарите ќе играат во новиот шампионат. Познато е кој играч која бројка ја зема за сезоната која следува. Така Мандалиниќ ќе игра со број 9, Костески со 19, Танкоски и во Еурофарм Пелистер продолжува со бројот 14, додека Мараш го има бројот 2.

Дали броевите на другите ракометари остануваат исти како лани или не и кои се броевите на другите нови играчи погледнете на фотографијата во продолжение.