Со две дерби средби ќе биде затворен есенскиот дел од сезоната кај дамите

В сабота ќе се одиграат последните натпревари за есенскиот дел од сезоната во Женската лига. На програмата ќе има пет дуели, на дел од нив се очекува да има многу возбудувања.

Најнапред со почеток од 13:30 часот ќе се одигра пелагониското дерби меѓу Деспина и Пелистер. Битолчанки на табелата имаат 16 бода, додека Деспина три бода помалку, односно 13.

Пелистер моментално е позициониран на 7. позиција и со евентуална победа би се вклучил во трката за место меѓу најдобрите шест екипи. Прилепчанки, кои започнаа лошо, но потоа влегоа во победничка серија, ќе атакуваат на петти сезонски триумф.

Новакот во Женската лига, Металург Автокоманда, на свој терен ќе го пречека вицепрвакот Куманово. Двете екипи се зад водечката двојка на табелата, имаат по 30 бода на свое конто, па така на овој дуел само нијанси би одлучувале за конечниот исход.

Куманово веќе подолго време има проблеми со повредени играчи, но и со една постава покажа дека знае да освојува бодови против квалитетни екипи.

Бранителот на титулата Ѓорче Петров ќе биде домаќин на незгодниот Вардар. Ѓорчепетровки во досегашниот тек од сезоната немаат загубено бод и во дуелот со „црвено-црниот“ тим ќе посакуваат да дојдат до 13-ти сезонски триумф.

Вардарки во последниот период  играат „топло-ладно“, но доколку победат во дуелот со актуелниот шампион, тогаш ќе останат во игра за првата позиција на табелата.

За Ѓорче Петров дуелот со некогашниот шампион на Македонија ќе биде и проверка на силите за осминафиналниот двобој со Кинжварт во рамки од Европскиот Куп.

Спартак ќе биде домаќин на шестопласираната Стружанка, која во претходното коло беше поразена од Металург Автокоманда. Избраничките на Мицевски ќе се обидат да им парираат на стружанки, но и да ги освојат трите бода.

Женска лига, 13 коло, распоред:

Чаир – Астибо 45-37
22/12, 17:30, Скопје – Шампион
23/12, 13:30, Деспина – Пелистер
23/12, 14:00, Металург Автокоманда – Куманово
23/12, 18:00, Спартак – Стружанка
23/12, 18:00, Ѓорче Петров – Вардар
23/12, 19:00, Овче Поле СУ – Гевгелија

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6ПЕЛИСТЕР 20121991928
7СТРУЖАНКА1881925
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА18611119
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167
14ГЕВГЕЛИЈА1810173