Душебаев прослави десет години во Келце – убедливиот пораз од Вардар го памети по добро

Ракометарите на Келце со победа го стартуваа вториот дел од полскиот шампионат, откако на свој терен го совладаа тимот на Пјотрковианин со 41:27.

По натпреварот, тренерот на Келце, Талант Душебаев, доби симболичен подарок за десет години работа во клубот.

Душебаев во сезона 2013/14 го презеде кормилото на Келце и со полскиот шампион направи големи успеси на европска сцена.

Искусниот стратег по добро го памети убедливиот пораз од Вардар во 2015 година кога тимот од Полска во Скопје беше поразен со 34:24.

,,Најдобар спомен во овие десет години беше кога од Вардар во Скопје загубивме со десет гола разлика, по враќањето во Полска навивачите дојдоа на тренинг и цело време не бодреа”, изјави Душебаев.

Келце под водство на Душебаев во сезона 2015/16 го освои златото во Лигата на шампионите.