Драма во Каиро: Продолженијата кобни за Барса, Веспрем ќе игра финале

Унгарскиот гигант Веспрем е првиот финалист на Светското клупско првенство во Египет, откако славеше над Барселона со 39:34 по продолженијата од по пет минути.

Во големата борба во регуларниот дел од натпреварот немаше победник, беше 29:29 по 60 минути игра, а трагичар на каталонците беше Алеиш Гомез, кој промаши пенал на десетина секунди пред крајот.

Во продолженијата подобро се снајдоа избраниците на Чави Пасквал, па така унгарскиот шампион ќе се бори за златниот медал.

Второто полуфинале од Светското клупско првенство, во кое ќе играат Магдебург и Ал Ахли, е на програмата од 19:00 часот.

Правдата на овој дуел ќе ја дели најдобрата судиска двојка од Македонија – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Завршниот ден е резервиран за четврток, односно 3 октомври, по што ќе биде познат конечниот пласман.