Драма, 14 исклучувања, пресврти – и победа за Тиквеш

Тиквеш не се откажува од трката за место во европските купови, и после денешниот триумф во Скопје од 26-23 над Пролет. Барем до утре кавадарчани ќе бидат на третото место на табелата со 13 бода, и ќе чекаат разрешница од другите мечеви.

Пролет останува на 7. место, и пак одигра променливо, н амоменти добро, а на моменти со многу грешки. Плејофот треба да им донесе само искуство за следната сезона. Нема што да загубат.

Двата тим имаа свои минути, и повремено беа во водство. Се менуваа во зависност од тоа кој помалку ќе згреши во нападот, и колку ќе бидат ефикасни и концентрирани играчите.
Гостите беа без Ани Обина, кој се уште се опоравува од повредата, но од трибините знаеше да им довикне на соиграчите. Домашнитем продолжуваат да играат по принципот „топло – ладно“. Некогаш одлични, некогаш со грешки, а тоа им се одразува и на резултатите.

Имаше Пролет и водство од 8-6, но потоа прими четири гола по ред, па наместо плус, дојде во негатива од 8-10. Гостите на моменти и погруби, па затоа во првото полувреме завршија со пет исклучувања. Иако Тиквеш водеше, грешките брзо се правеа, а шансите се користеа, па Пролет израмни на 10-10.

На крај можеа гостите на заминат н аодмор и со позитива од три гола, но нападот не реализираше, а исто така ниту Арсеновски во контра на го погоди голот. Првото полувреме покажа дека два гола предност, не се ништо, брзо се стигнува па затоа и сите со нетрпение ги чекаа вторите 30 минути.

И тргнаа интересно. За три минути, три исклучувања (две кај гостите, едно кај домаќините), а Тиквеш првпат поведе со три гола, 14-11. Ама, предноста не значи и опуштање, зашто брзо се топи. Пролет брзо се врати во игра, па и израмни, 14-14 во 38 минута. И повторно се почна од „нула“.

Младиот тим на Пролет како да се разбуди, и серијата ја продолжи за водство 15-14, и напад со кој добија шанса да направат сериозен пресврт. И тоа го сторија па ЛАско Андоновски ја продли клупската серија од 5-0 со што зголеми на 16-14.

„Резултатската клацкалка“ продолжи, па Тиквеш израмни на 17-17, ама пак домашните ги искористија двете грешки на гостите кои патем не реализираа и пенал, па со играч повеќе и празна мрежа, дојдоа до нов оводство до 19-17 во 27 минута.

Драма и пресврт имаше на неколку минути, па екипите постојано се менуваа во водство. Последните пет минути решаваа се, а Тиквеше влезе со предност од 23-21. Сега после секоја грешка останува помалку и помалку време за исправање. Александар Јовиќ го искористи последниот тајмаут, а по него „ветеранот“ Василевски намали на 23-22.

Домаќините „фрлија на се или ништо“, па почнаа на играа „7 на 6“, но и во таков сооднос не погодија, па на три минути до крај Тиквеш дојде во шанса да зголеми на три гола. Сржан Мијатовиќ ја искористи шансата со која гостите можеа барем малку да здивнат бидејќи имаа водство од 25-22. Дека нема време з апоправен се покажа после грешката во напад на Пролет, по што во контра на празен гол погодиЕвгенија Темелкоски за високи 26-22. Тоа беше крај на секоја надеж за Пролет.

Кај гостите најефикаен беше Мартин Манасков со 8 гола, а еден помалку даде Евгениј Темелкоски. Во тимот на Пролет, „петка“ погоди Ласко Андоновски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140