Тимот на Драчево не успеа да освои бодови во пресметката против „витамините“ од Автокоманда на свој терен, 31-28.
Домашните пружија голем отпор, имаа во повеќе наврати и водство во првиот дел, но сепак на пауза гостите заминаа со предност, 20-19.
Во второто полувреме Драчево имаше свои моменти, но не реализираше кога најмногу треба и гостите успеаја да стигнат до плус четири, кои ги задржаа до крајот.
Најдобри во победничкиот состав беа Каркалашев со осум и Крстевски со шест гола, додека кај Драчево се истакнаа Петковски со седум, како и Дука и Ферукоски со по пет погодоци.
На табелата Еурофарм Пелистер 2 е лидер со 24 бода но и меч помалку од останатите, втори се „витамините“ од Автокоманда со 19 бода, а Македонија Ѓорче Петров, која има 17, но и натпревар помалку.