Ракометарите на Драчево запишаа важна победа во битката за второто место во прволигашкиот плеј-оф кое носи бараж за Супер лигата.
Избраниците на Велимир Настески славеа на гостувањето кај Овче Поле во Свети Николе со 38-32. Домаќините предводени од Димитар Минов кој имаше 15 гола водеа во првиот дел со четири гола, но до паузата Драчево стигна до реми, 14-14.
Во второто полувреме Драчевци ја преземаа контролата на теренот и успешно го одработија ова незгодно гостување.
Преводници во победничкиот состав беа Филип Дабески со седум гола, како и Ѓорѓи Дука и Давид Младеновски со по шест погодоци.
Лидер на табелата е Еурофарм Пелистер 2 со 24 бода, седум повеќе од „витамините“ од Автокоманда и Македонија ЃП кои имаат по 17, пред Драчево со 15 и Младост Богданци со 14 бода, па трката по второто место ќе биде интересна и возбудлива.